28 Март, 2024
0.0248

Зошто се создаде буџетската дупка од 186 милиони евра?

Објавено во: Финансии 28 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Владата може да ги планира и проектира буџетските полнења на државната каса и буџетските трошења од друга страна, но праксата покажува дека, сепак пресудно е колку тие планови се одраз на реалноста и можноста стопанството и граѓаните да го полнат буџетот. Ова за “Фактор “ го коментира дел од експертската јавност откако последните податоци за остварување на Буџетот во 2012 та година покажаа дупка од 186 милиони евра. Експертската јавност оценува дека бројките за потфрлување кај носечкиот буџетски данок ДДВ се очекувани и се потврда за кризата во чиј знак помина 2012 та. Според универзитетскиот професор Семи Бислими не е проблем висината на приходите и расходите туку начинот на кој ќе се финасираат трошењата, особено буџетскиот дефицит, укажувајќи на зголемувањето на 3,5 % од БДП. „Ако се има во предвид структурата на буџетските расходи кај нас, каде што доминираат тековните расходи, тогаш секое зголемување на учеството на социјалните бенефиции, субвенциите и капиталните трошоци, предизвикува раст на буџетскиот дефицит. Не е најважно висината на проектираниот буџетски дефицит, туку најважно е прашањето, за каква намена ќе се трошат тие средства, и какви повратни ефекти се очекуваат од трошењето на тие средства. Доколку како причина за искажаниот буџетски дефицит се, поддршка во финансирањето приоритетни проекти од областа на патната и друга инфраструктура, енергетиката, образованието, научно истражувачката дејност и слично, со што се создаваат поповолни услови за стопанисување и повисок општествен стандард на населението, тогаш поддршката во финансирањето на таквите проекти е економски оправдана“ – вели професорот Бислими. Според податоците од Министерството за финасии, и покрај ланскиот ребаланс на буџетот, крајот на годината покажа значајно потфрлување и на страната на приходите и на страната на расходите. Владата во 2012 та собра 2,2 милијарди евра, а планираше да собере 2,4 милијарди евра. Во исто време, наместо планираните 2,6 милијарди евра, биле потрошени 2,5 милијарди евра. Она на што во континуитет укажуваа економистите се трошењата под ставка “капитални расходи“. Со ребаланскот на буџетот, иако  владата лани скрати од овие трошења, на крајот од годината сепак не успеа да ги реализира во целост. Буџетските бројки покажуваа потфрлување од планираните 348 милиони евра на 305 милиони евра. Сите овие бројки според економистите повторно ја отвораат дилемата дали преку Буџетот Владата проектира популистички проекции за да го одржуваат оптимизмот на сметка на реалните состојби во економијата. За годинава Владата проектираше раст од 2 %. За разлика од оваа стапка, меѓународните финансиски институции засега излегоа со нешто пониски стапки за економски раст. „Ако се има во предвид состојбата на домашната економија, како и состојбата на економиите на земјите од блиското опкружување и економиите на земјите членки н ЕУ, тогаш можеме да констатираме дека проекциите за економскиот раст за 2013 немаат реална основа. Ако проекциите на економскиот раст базираат на растот на секторот градежништво, тогаш се поставува прашањето, како да се поттикне растот и во другите сектори на економијата, бидејќи согласно постојната Методологија за пресметка на БДП, сите сектори учествуват во неговото создавање.“ – вели професорот Бислими и посочува дека доколку продолжи трендот на опаѓање во секторот индустрија, и доколку секторот земјоделие и сточарство не покаже повисока стапка на раст, тогаш, не само што ќе продолжи трендот на опаѓање на учеството на реалниот сектор во создавањето на нова вредност, туку таквата структура на новата вредност, ќе предизвика раст на увозот. Со образложение дека и годинава проектираше реален и развоен Буџет, Владата го усвои во собранието, во отсуство на опозицијата. До јавноста не допреа ниту стотиците амандмани предложени од македонските и од албанските полтички партии од опозицискиот блок. Токму Буџетот за 2013 та, задолжувањата, проекциите и начинот на трошење на народните пари, беа инцијална каписла за генерирање на постоечката политичка криза. Анета Додевска

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка