29 Март, 2024
0.0241

Дали по Македонија, албанска платформа ќе има и во Србија?

Објавено во: Балкан 06 Март, 2017

Добивај вести на Viber

По Македонија, и во Србија Албанците подготвуваат платформа, наведува Спутник. 

Уставот на Албанија вели дека сите права на Албанците треба да ги брани државата Албанија, вели за Спутник,  Јонуз Муслиу, претседател на националниот совет на Албанците. 

Тој ова го изјавил по повод посетата на албанскиот претседател на југот на Србија.

Албанската „офанзива“ пристигнува и на југот на Србија и тоа во облик на посета на Бујар Нишани, претседателот на Албанија кој на 7 март планира да ги посети Бујановац и Прешево, пишува Спутник.

Ова е прва посета на албански шеф на држава на Србија по 69 години. Претходниот претседател на Албанија во Србија бил Енвер Хоџа во 1948 година.

Дали посетата на Нишани на југот на Србија е само дел од дипломатската офанзива на Албанците или може по неговата посета да се очекува некоја нова „тиранска платформа“ за Србија, прашува Спутник.

Претседателот на националниот совет на Албанците Јонуз Муслиу потврдил за Спутник дека претседателот на Албанија ќе ги посети Албанците на југот на Србија, како и дека ќе има средби со албанските претставници, но не и со функционери на Белград. Муслиу вели дека целта на посетата е албанскиот претседател лично да се запознае со позицијата и статусот на Албанците на југот на Србија.

„Засега ова е само посета при која ќе се сретне со сите политички лидери на Албанците во Прешевската долина и ќе разговараме за сѐ. Ние чекаме реципроцитет во однос на Косово и Заедницата на српски општини и тука ни Европа не може да се оденсува поинаку кон Албанците отколку кон Србите на Косово. Треба да се почитуваат законите на ЕУ“ - вели Муслиу. 

Муслиу за Спутник вели и дека посетата е значајна и затоа што дошло време проблемите на Албанците од Прешевската долина да дојдат во преден план и за државата Албанија.

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува