ДАЛИ СЕ ИСПЛАТИ: Возат по 500 км да купат поевтино
Објавено во: Финансии 06 Март, 2017
Попусти на храна, облека и средства за хигиена и со 80% се мотив да се патува со километри за да се пазарува.
Се почесто граѓани од БиХ за да пазаруваат одат до Загреб, Трст, Виена и Грац.
Според Вечерње новости, нив им се исплати и да патуваат и 500 км на шопинг за да купат поевтини и поквалитетни производи.
Не само цената, туку и квалитетот кој го нудат во европските центри ги тера граѓаните да купуваат надвор од БиХ.
Можност за заработка видоа и многу туристички агенции кои организираат шопинг тури.
Превозот за овие тури чини од 25 до 60 марки.