29 Март, 2024
0.0409

Дали се исплатува замена на обичните со штедливи сијалици!?

Објавено во: Анализа 19 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Класичните сијалици повеќе ги нема на европскиот пазар, се заменуваат со новата, еколошка и штедлива варијанта. Дел од српските медиуми, пренесоа неколку факти кои ценат дека би требало да се знаат за штедливите сијалици. Имено, Европската унија ја заврши тригодишната акција за повлекување на класичните сијалици од своите пазари во септември оваа година. Забраната на продажба на нови количини на старите сијалици со волфрамово влакно  не важи за земјите надвор од ЕУ, но со зголемувањето на цената на струјата оваа пракса полека почнува да се практикува и во Србија. Ако во јануари во 2013 година ЕПС ја поскапе струјата уште за 25 отсто, за сијалици ќе плаќаме уште повеќе. Оваа пракса се темели на два неоспорни факти. Првиот е дека постои глобална потреба за намалена потрошувачка на електрична енергија, поради ефектот на стаклена градина (т.е. емисии на јаглен двооксид), а вториот факт е дека флуоресцентните сијалици енергетски се поефикасни од класичните и трошат помалку струја. Но она што политичарите и некои еколошки активисти го забораваат, а производителите и трговците не сакаат да го кажат, се негативните ефекти од производството и употребата на штедливите сијалици, како што популарно се викаат компактни флуо цевки (ЦФЛ) кои одат во класично сијалично грло. Да појдеме од економските фактори. Штедливата сијалица за да дојде до потрошувачите за нејзино производство се троши од 6 до 40 пати повеќе енергија и дополнително за нивен транспорт (бидејќи се потешки и поголеми од класичните, а во светот се дистрибуираат од Кина). Иако на кутиите на штедливите сијалици пишува дека тие заменуваат класична одредена сила, во стварноста состојбата е поинаква. Познавачите на состојбите посочуваат дека на кутијата со наведени 11 вати (W) сила на новата сијалица која свети како 60 вати класичната, нема да добиете 60 вати и да купите најквалитетни од нив. Исто така праксата покажала дека декларираниот век на сијалиците од 6.000 до 8.000 часа е можен само во идеални- лабораториски услови. Дури и на кутиите честопати е наведено дека ваквата сијалица гарантирано ќе работи шест години, но (со мали букви) ако просечно работи 2,7 часа дневно. Според истражувањата, секоја втора од вкупниот број на флуо сијалиците од реномирани производители откажува многу порано пред декларираниот број на часови на работа. Кај поевтините редовна е појавата да работат во просек од 10 дена до три месеци. Во анализата што ја пренесува српски „Мондо“ стои следново: Ако во дневната соба класична сијалица од 100 вати ја замениме со штедлива од 25 вати (декларирана како замена за 125 вати) ќе добиеме од прилика иста светлина или малку послаба. Колку сме заштедиле струја? Да речеме дека едно домаќинство за струја месечно троши 3.500 динари. Анализите велат дека од вкупната потрошена струја во еден дом на трошок за осветлување на просториите троши само 5 отсто, тоа во нашиот случај е 175 динари месечно, т.е. 4.200 динари за две години, колку што просечно трае штедливата сијалица купена и користена во Србија. Ако сакаме да ставиме штедливи сијалици на пет места во станот, тоа ќе не чини околу 2.750 динари. Со тие сијалици во следните 24 месеци ќе потрошиме струја за 1.400 динари. За тоа време на тие 4.200 динари потрошени на обични сијалици мора да додадеме трошок околу 1.000 динари за 20 обични сијалици. Со обичните ќе бидеме со широки раце, иако е познат случајот дека една таква сијалица може да работи и неколку децении со повремена употреба, пишува порталот „Мондо“. Кога се ќе се собере и одземе, заштедата е 45 динари месечно, што и не е многу, но лобирањето на производителите е големо, а профитот на штедливите сијалици е неколку пати поголем од профитот од класичните.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот