25 Април, 2024
0.0270

Дали Шведската централна банка ќе воведе олеснувања?

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Шведската централна банка „Riksbank" се воздржи од дополнителни олеснувања вчера, но изјави дека е подготвена да ја прошири програмата за откуп на обврзници  следната година, објави „Bloomberg". 

Покрај тоа регулаторот сигнализира дека ќе ги задржи каматните стапки ниски подолго време во обид да ја врати инфлацијата назад кон целните нивоа.

 „Riksbank" ја задржа својата основна репо камата на ниво од 0,5%, на тој начин ги оправда очекувањата. 

Шведската централна банка не сака да воведува нови поволности, откако каматите се под нулата, а програмата за откуп на обврзници се очекува до крајот на годината да има апсорбирано над 40% од пазарот на државни хартии од вредност. Одлуката на ЕЦБ од претходно овој месец да не ја проширува својата програма, што исто го олесни притисокот врз шведскиот регулатор да презема дејствија. Според Роберт Бергквист, главен економист во „SEB“, коментира дека одлуката е во склад со „еден консензус помеѓу централните банки дека монетарната политика го достигнала крајот на патот“.

Главниот аналитичар на банката „Nordea“, Андреас Валстром,  очекува олеснувања од страна на „Riksbank“, вклучувајќи и намалување на каматата до -0,6% во декември.

Регулаторот ги намали и прогнозите за инфлацијата во следната година од 1,8 до 1,4%, а за 2018-та година од 2,6% до 2,2%. Се очекува невработеноста да биде 6,7% во следната година. Според прогнозите, економскиот раст може да се забави до 3,3% во оваа година и до 2% догодина. 


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди