25 Април, 2024
0.0259

Дали скандалот со млекото е обид за политички преврат во Србија?

Објавено во: Балкан 26 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Не запираат политичките препукувањата на релација власт – опозиција за скандалот со токсичното млеко. Едните тврдат дека ова е сценарио на опозицијата за уривање на власта, другите дека во интерес на граѓаните се објавени резултатите од токсичното млекото. Дел од пратениците најавија дека ќе бараат посебна седница во Собранието на која ќе се расправа за токсичното млеко, а во истовреме граѓаните на Србија се во дилема – „дали да пијат или не млеко“. Ветеринарната инспекција забрани производство на млеко во 12 фарми бидејќи беа утврдени високи нивоа на афлатоксин во млекото. Во меѓувреме се чекаат резултатите од суперанализата во Холандија каде се испратени мострите од млекото. Резултатите треба да откријат кој ја кажува вистината, владата во Србија која тврди дека млекото е здраво или пак вистината доаѓа од Војводина, која го тврди спротивното. Политички препукувања Игор Мировиќ, од владејачката Српска напредна партија, вели дека за млечната војна виновна е опозиционата Демократска партија. "Ние веруваме дека оваа афера започна за да се создадат големи проблеми за земјоделците и сточарите и преку нив сите да бидат насочени кон уривање на владата или смена на министерот за земјоделство. Во овој момент, без никаква потреба за еден ден е фрлено половина милион литри млеко. Претпоставувам дека постои одредена лоби група на која не и одговара професионалниот однос во земјоделскиот сектор. Овие се многу опасна игра", изјави Мировиќ. Од друга страна, Горан Јесиќ секретар за земјоделство од Војводина, кој е од редовите опозициската демократска партија и натаму тврди дека млекото не е безбедно. "Ги добив резултатите од анализата на млекото и  го информирав премиерот и надлежниот министер. Им дадов рок да одговорат во текот на денот, а кога тие не успеаја да го сторат тоа бев должен да ги објавам резултатите.  Сè друго после тоа се политички спинувања и игри. Јас никогаш не зборував од име на мојата партија, а внесување на политика во оваа тема е заслуга единствено на Српската напредна партија, а не на Демократската партија“, рече Јесиќ. Дополнително Јесиќ кој прв го објави резултатите од анализата на домашното млеко, изјави дека претставниците на инвестицискиот фонд Салфорд, кој е сопственик на Имлек и Суботица Млечни производи, неодамна побарале од него да се објавуваат анализите. Но, Инвестицискиот фонд Салфорд ги негира таквите тврдења. Министерот за земјоделство гарантира дека млекото е безбедно Министерот за земјоделство, Горан Кнежевиќ, изјави дека гарантира оти целото млеко што е на рафтовите во Србија е правилно и безбедно, а ова го тврди врз основа на тоа што оваа година повеќе од 1.000 примероци од млеко биле испитани за присуство на афлатоксин. "Државата има направено сè - од првиот до последниот чекор, дури и повеќе од тоа, а јавноста е информирана за цело време", изјави Кнежевиќ за Б92. Кнежевиќ понатаму посочи дека не е одговорен за сегашната ситуација, но, и дека тој не добил покани за сослушување во полицијата и  потенцираше дека со нетпрение чека да ги добие за да оди да го каже она што тој го знае. „Би сакал истото тоа да го стори тоа, и покраинскиот секретар за земјоделство, Горан Јесиќ, првенствено поради неговите тврдењата дека некој ми нудел пари за да не ги објавам резултатите од анализата“, изјави министерот Кнежевиќ. Полицијата пак соопшти дека досега не добила пријави во врска со скандалот со млекото.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“