Дали странците во Истанбул може да бидат мета на напади?
Објавено во: Балкан 23 Октомври, 2016
Има потенцијална опасност од терористички напади или обиди за киднапирање на странци во Истанбул.
Вака САД ги предупредија своите државјани. Во соопштението на Конзулатот на САД во Истанбул, кое е објавено синоќа пишува дека екстремистички групи продолжуваат со своите „агресивни напори“ да ги нападнат Американците и другите странци во тој град.
„Тие напади би можеле да бидат однапред планирани или би можеле да се случат со мало или никакво предупредување, а можни се и вооружени напади, обиди за киднапирање, бомбашки напади и други насилни дела“ - се наведува во соопштението од Американскиот конзулат во Истанбул.
Конзулатот не пишува која група би можела да ги изведе овие напади, но лани во Истанбул имаше бомбашки напади од „Исламска држава“ и на Курдската работничка партија.