25 Април, 2024
0.0417

Дали светските бизнис практики во тргувањето со недвижности се присутни кај нас?

Објавено во: Мои пари 23 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Недвижностите спаѓаат во есенцијална потреба. Исто како храната и облеката, на луѓето секогаш ќе им треба простор во кој ќе живеат и работат. Токму затоа, пазарот на недвижности е секогаш активен, без разлика на околностите. Но, заедно со сите предности кои доаѓаат со оваа сигурност се провлекува и една негативна страна, а тоа е недостатокот од потреба за драстично подобрување на услугите на компаниите кои тргуваат со недвижности, што резултира со недоверба кај корисниците на нивните услуги и незадоволство кај вработените.

За среќа, има компании чии бизнис практики се засноваат на обезбедување услови за напредување за вработените кои следствено на тоа се посветени на креирање исклучително позитивни искуства за клиентите. Еден таков пример вреден за разгледување е Century 21, компанијата која е позната како глобален лидер во светот на недвижностите, а овие позитивни практики ги донесе и кај нас преку канцеларијата во Скопје. 


Century 21 Real Estate LLC е најголемата глобална мрежа за тргување со недвижности со повеќе од 7.400 независни канцеларии во 78 земји и територии во светот, и повеќе од 111.000 независни брокери и агенти. „Независни“ е клучниот термин кога станува збор за нивните вработени. Иако зад секој од нив стои локалната канцеларија, а потоа и целата мрежа за поддршка и помош кога и да им затреба, тие ја имаат слободата самостојно да ја организираат нивната работа и да создаваат можности за подобра заработувачка.

Но, пред да тргнат во освојување на предизвиците, вработените поминуваат низ процес на обука која освен тоа што има за цел да ги пренесе корпоративните практики кон кои мораат да се придржуваат, им овозможува усовршување во повеќе сфери како што се општите бизнис вештини, флексибилност и креативно размислување, проактивност во пронаоѓање на најдобрите решенија,одлучност, истрајност, ефикасност, преговарање, соработка, психологија на потрошувачите, маркетинг стратегии, и сè она што им е потребно за обезбедување на беспрекорна услуга за клиентите.

На прв поглед изгледа премногу добро за да биде вистинито во денешните услови на пазарот на труд, но станува сосема логично кога ќе се погледнат нивните цели – посветеност кон извршување на работата за максимално задоволство на клиентите, и тоа со пронаоѓање решенија кои не само што ги задоволуваат техничките барања, туку ќе обезбедат и позитивно емоционално искуство. Тие веруваат дека ова се постигнува само преку константна посветеност, проактивна работа, и видливи резултати во облик на навремени и релевантни решенија. Бидејќи се свесни за високите очекувања кои ги имаат, во Century 21 се подготвени да го споделат целото знаење и искуство со амбициозните кандидати кои се сериозни во намерата да изградат кариера во светот на недвижностите. 

„Работиме со луѓе кои бараат нов дом во кој ќе започнат нов живот и ќе градат иднина, го нудат под наем или на продажба стариот дом полн со спомени, бараат деловен простор кој во голема мера ќе го дефинира нивниот успех во бизнисот, или пак го нудат постоечкиот во кој ја започнале нивната бизнис приказна. Можеби ќе ви звучи чудно, но ние не тргуваме со ѕидови, туку со животни приказни и тоа го правиме со целосна почит. Жалосно е што луѓето го забораваат хуманиот аспект во овој бизнис. Затоа и не е чудно што агентите и брокерите се третирани како алтернативно решение за потребите поврзани со недвижности, наместо како примарен и доверлив избор. Но, ние сме тука да го промениме тоа.“ – објаснуваат од Century 21 GG’s Point.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет