Дали Талат Џафери ќе биде новиот претседател на Собранието?
Објавено во: Македонија 24 Март, 2017
Алсат М пренесе дека идниот претседател на Парламентот најверојатно ќе биде Талат Џафери од ДУИ.
Како што дознава Алсат, тој ја добил поддршката од парламентарното мнозинство.
Во понеделник е закажано да продолжи конститутивната седница.
Меѓудругото партиите договорија претседател на Комисијата за избори и именувања да биде Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.