22 Ноември, 2017
0.4171
    ALK 7231.17    -1.62%     BESK 10300    0%     GRNT 808.46    0.93%     KJUBI 1400    0%     KMB 2697.06    -0.11%     MPT 26306.88    -2.2%     OKTA 2530    -8.1%     RMDEN14 92.2    -2.95%     RZLV 45    0%     RZTK 450    1.81%     RZUS 106    -3.64%     SBT 1987    -9.86%     TNB 13500    0%     TPLF 1605.19    -0.11%     TTK 803.72    -1.5%     ZPKO 2601    0.04%

Дали зголемената акциза за дизел е прва од болните мерки што престојат?

Објавено во: Анализа 07 Ноември, 2017

Новата влада предводена од премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски се соочува со проблеми за полнење на државниот буџет и обезбедување на средства за реализирање на ветените политики, па затоа сосема очекувано е да се донесат непопуларни мерки кои ќе ги зголемат давачките. Засега сосема извесно е дека од 2018 година ќе поскапи дизел горивото бидејќи Владата донесе одлука за зголемување на акцизата за 3,5 денари. 

За полнење на буџетот со дополнителни десетина милиони евра преку една мерка е еднократно решение на владата која во екот на изборните процеси ветуваше и промена на фискалната политика со прогресивно зголемување на даночните стапки. Тоа е во согласност со левичарските економски гледишта при што се врши заштита на сиромашните и немоќните, а се зема поголем дел за солидарно учество во буцетот за заедничките потреби од поимотните и побогатите. 

Засега такви мерки не се преземени, ниту пак се разговара за повисоки копоративни даноци, повисоки даноци на добивка или пак укинување на дел од големите даночни бенефиции кои претходно ги уживаа пред се странските инвеститори иако такви мерки би можело да значат и крај на инвестициите, намалување на бројот на нови работни места и слично бидејќи голем дел од тие компании дојдоа во Македонија поради даночните олеснувања. 

Овој чекор доаѓа откако претходно беа донесени одлуки за укинување на радиодифузната такса која не се плаќа од 1 октомври, а беше вратена и дневната евтина струја од неколку часа како директни мерки за помош на граѓаните. Одлуката за поскап дизел наиде на доста жестоки критики од повеќе центри и носи загриженост дека ќе доведе до зголемување на цените, најпрво на транспортот, а потоа и на останатите производи и услуги. Во земјава дизел горивото е едно од најкористените па ќе треба да се размислува за изнаоѓање на начини како да се стимулира користење на поевтино и поефикасно гориво на пример плинот. 

Ризик од зголемени цени има кај такси превозот иако таму превозниците често велат дека граѓаните им се жалат и на постоечките цени кои се доста високи што придонесе да им се намали обемот на работа. Исто така постојат грижи дека со повисоката акциза ќе следи зголемување на цените на јавниот превоз во Скопје бидејќи автобусите на ЈСП користат претежно дизел горива, со тоа што новите модели работат на ЕУРО 4 и ЕУРО 5 стандарди кои се поефикасни и не ја загадуваат животната средина премногу. 

Од Владата  и министерството за финансии велат дека меѓу главните мотиви е и да се намалело загадувањето преку оваа мерка, но пак ќе посочиме ако дизелот еднострано поскапи и нема услови за негова идеална замена со подобро гориво како воопшто ќе се постигне тој ефект е нејасно. 

Буџетот за 2018 година ќе тежи 3 милијарди и 440 милиони евра, а буџетскиот дефицит ќе биде 300 милиони евра. Оваа „дупка“ ќе се финансира најверојатно преку нова еврообврзница со која ќе се покријат и долгови кое ќе доспеваат како и рати за досегашните задолжувања што значи дека Министерството за финансии ќе мора внимателно да работи за одружување на јавниот долг на разумно ниво, да ги сервисира тековните обврски и да мисли како да води развојна политика која ќе донесе бенефит за сите граѓани на Република Македонија. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Заев ги игра сите соседи, дали крешендото е решавање на спорот со Грција?

Заев ги игра сите соседи, дали крешендото е решавање на спорот со Грција?

Ќе влезе ли Јовевски во пакет со новите министри во Собрание?

Ќе влезе ли Јовевски во пакет со новите министри во Собрание?

Супер што Владата обезбеди инкубатори, но зошто киксна со самофалбите?

Супер што Владата обезбеди инкубатори, но зошто киксна со самофалбите?