29 Март, 2024
0.0261

Данците ги запознаа убавините на Македонија - тур операторите заинтересирани за земјава

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Туристичката понуда на Македонија за првпат е претставена на саемот за туризам во Копенхаген, Данска.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија велат дека на тридневниот саем организиран од елитното списание за туризам Vagabond – Vaagabond Quality Travel Fair, Македонија побудила голем интерес кај данската публика како неоткриена дестинација од помладите. Додаваат дека Македонија е  дестинација која повозрасните  пред многу години ја посетиле и сакаат повторно да ја посетат. 

Во фокусот беа природните убавини на земјава, вклучувајќи ги и спортските активности и гастрономијата, кои беа дополнително промовирани пред публиката од Данска. Дел од данските тур оператори во 2017 година ќе ја вклучат Македонија во нивната понуда. 

Претставници на Агенцијата за туризам во соработка со економскиот промотор на Македонија во Данска, Мирјана Наумоска, на саемот во Копенхаген остварија состаноци со Асоцијацијата на Дански тур оператори и тур операторите Викторс Фармор, Албатрос Травел, Атлантис Рејсер како и познатите весници Копенхаген Пост и Борсен. Данска како скандинавско-нордиска земја е финансиски стабилен пазар кој е во потрага по нови, неоткриени дестинации.

Специфично за Данците е дека користат пет до седум недели на одмор во текот на годината, а патуваат три до четири пати годишно. Тие  во просек трошат по  1.300 евра, со што се вбројуваат во една од нациите кои се најголеми потрошувачи кога е во прашање патувањето.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење