Данок и за интернет шопинг од Амазон или Ибеј
Објавено во: Свет 07 Мај, 2013
Наскоро и продажбата на стока преку Интернет ќе почне да се оданочува во САД. Американскиот Сенат веќец усвои мерка која ќе ги обврзува Интернет гигантите како што се Амазон или Ибеј да плаќаат данок на продажба согласно локалните закони.
Сега, за законот да стапи во сила се чека да биде усвоен и во Долниот дом на американскиот Конгрес каде што мнозинството пратеници не се согласуваат со досегашните олеснувања на пласманот на стока по пат на Интернет поради непостоење данок на таков вид продажба.
Ако законот биде усвоен во американскиот Конгрес, секоја од 50 сојузни држави ќе го оданочува овој вид продажба во согласност со локалните закони од 2,9% до 7,5%.