20 Април, 2024
0.0248

Дански тренери со селекторско педигре во тимот на капитенот Лазаров

Објавено во: Мои пари 03 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Јан Барслев е ракометен стручњак кој веќе седум години е дел од данскиот јуниорски национален тим и работи на развивање на младите дански репрезенативци до 17, 18, 19 и 20 години.

Иако овој проект на капитенот на националниот тим, Кирил Лазаров, е млад и оваа година е трета од самиот старт, квалитетот и серизозноста ги надмина границите на нашата држава. Покрај интересот на учесниците од регионот и Европа, оваа година и тренерскиот тим на Лазаров ќе биде интернационален, со тренери кои работат во Франција, Германија и Данска и навистина ќе има што да се види и слушне.

Пред извесно време ја промовиравме Оливера Кецман, репрезентативка од нашите екс-ју простори која долги години е во најракометната светска нација, Данска, но навистина е огромна чест да се промовираат тренери кои долги години работат во ракометот во Данска со младински категории во нацииналниот тим.

Јан Барслев и Торбен Нилсен, двајца поранешни ракометари и стручњаци со „дебело педигре“ во работата со млади категории ќе бидат дел од тимот на Кире Лазаров и ќе пренесуваат искуства на нашите учесници на кампот.

Јан Барслев, ракометен стручњак кој веќе седум години е дел од данскиот јуниорски национален тим и работи на развивање на младите дански репрезенативци до 17, 18, 19 и 20 години. Покрај ракометниот тренинг, Јан е задолжен за ментален тренинг и подобрување на физичките способности на младите таленти во нивните најважни години од развојот, дел во кој е и насочена неговата едукација и каде што поседува Мастер дипломи.

Долги години е дел од програмата “Coach for talents” на Данската Ракометна Федерација, која има за цел откривање на млади таленти на 14-16 годишна возраст.

Паралелно со работата во националниот тим, од 2004 е дел од Ајакс Копенхаген, каде водејќи ги јуниорите на овој тим освоил четири сребрени и едне златен медал на национално ниво.

Тринаесет години,од 2004 е директор на ракометната академија на тимот од Копенхаген.

Торбен Нилсен, човек со солидно играчко искуство настапувајќи за неколку тимови во данската најдобра дивизија со кои има  настапи и во европксите ракометни купови.

Веќе петнаесет години е тренер во најдобрата данска лига водејќи ги екипите на ХИК Хелеруп, Лунгбу, Ајакс Копенхаген и ТМС Рингстед.

Образован со највиосоко можно образование за ракометен тренер во Данска.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга