28 Март, 2024
0.0267

Давачките за увоз на пченица во Македонија и Србија се изедначуваат

Објавено во: Агробизнис, Економија 12 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Македонија и Србија ќе ги изедначат цените за фитосанитарните сертификати. Половина денар за килограм пченица ќе плаќаат мелничарите за овие анализи при увоз. Од ресорното министерство ја отфрлаат информацијата што проструи низ одредени медиуми дека мелничарите ќе плаќаат 8 пати поскапо. Велат дека поради поплавите што се случија лани во Пелагонија тие ја намалиле цената на 0,06 денари по килограм. Но се работи за времена мерка која престанува да важи. Од Министерството додаваат дека неточна е и информацијата дека мелничарите плаќаат царина на товарените камиони. Потенцираат дека царинската стапка е 0. Надлежните од Србија ја немале точната информација за цената, поради што најмногу е и одржан денешниот состанок помеѓу двајцата министри. Србија е еден од најзначајните трговски партнери на земјава. Во иднина договорено е да се реши и проблемот со евтиното брашно од таму. Ќе се определат и контакт лица од двете земји, кои брзо ќе ги решаваат проблемите што настануваат со сертификатите во месната индустрија.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи