ДДВ-то во Чешка ќе се зголеми за еден процент
Објавено во: Свет 19 Декември, 2012
Чешките пратеници денеска го надгласаа ветото на Сенатот и ги донесоа законските измени кои се однесуваат на зголемувањето на ДДВ-то за еден процент и сега ќе изнесува 15 и 21 проценти.
Мерките кои според Владата имаат за цел да се намали дефицитот на јавните финансии, се планира да заштедат 1 милијарда евра во 2013, а 1,3 милијарди евра во 2014 година.
Предлог-законските измени кои неколку пати беа ставени на дневен ред и повлекуван од владините претставниц поради немање поддршка во Парламентот, треба да бидат потпишани од чешкиот претседател Вацлав Клаус.
Тој исто така упати критики кон мерките за штедење на таков начин. Забелешки имаа и стопанствениците како и опозициската Чешка соцојалдемократска партија, ЧССД.