Дебата Клик Плус: Кој ќе го спасува македонското здравство?
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2017
Вечерва дебатната емисија Клик Плус на ТВ 21 го покренува прашањето за средување на состојбите во здравството.
Со какво државно здравство ќе се соочи новиот министер, чие именување се очекува деновиве? За кои проблеми ќе треба ургентна интервенција? Зошто по многуте реформи Македонија стигна до врвот во Европа по смртност на бебиња? Дали пациентите ги пречекува искусен лекар или гневен специјализант?
Дебатираат: Аспазија Софијанова, Илбер Бесими, Ненад Лазаров и Јана Мелоска Петрова.
На овие и други прашања вечерва одговор треба да дадат гостите во дебатата на КЛИК ПЛУС. Гледајте ТВ21 во 21:30!