19 Април, 2024
0.2707

Дебатата за „валутната војна“ катализатор за раст на цената на златото

Објавено во: Свет 17 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Жестоката дебата за „валутната војна“  може да поттикне раст на цената на златото. Напорите на земјите ги обезвреднат своите валути за да го поддржат извозот  почнаа да ги менуваат односите на цените на благородните метали со девизниот пазар, со што ја зајакнуваат улога на еден вид прибежиште на инвеститорите, пишува MarketWatch. "Се движиме кон време кога валутите ќе го оценуваат злато, а златото - валутите", коментира за весникот Џулијан Филипс, основач на GoldForecaster.com. Историски гледано златото се тргува обратнопропорционално со американскиот долар, пример за тоа се и случувањата минатата недела кога цената на златото падна нагло, откако доларот зајакнаво однос на еврото и јенот. Бидејќи, сепак во моментов се обезвреднуваат различни валути, побарувачката на златото се засилува. "Треба да зачекориме во фаза во која цената на златото ќе расте", изјави Филипс. "Швајцарскиот франк и јенот како засолништа од честите промени на курсот на еврото и доларот изгубија од важност, откако владите беа принудени да ги ослабат ги натера инвеститорите да сфатат дека валутите се едно исто, но во поинаква форма", појаснува тој. Биковиот пазар на златото почна уште пред повеќе од една деценија, кога беше повторно поттикнат од олабавувањето на монатарната политика на Централните банки, пишува весникот. Во февруари 2001 година златните фјучерси се тргува околу 260 долари за унца, а во петокот затворија на ниво од околу 1.610 долари, што може и да е шестмесечно дно, но е повеќе од 6 пати во споредба со цената од пред 12 години. „Девалвација на валутите преку нерестриктивната монетарна политика е тренд кој придонесе значителен раст на златото во последните години", изјави Питер Грант, главен пазарен аналитичар во USAGold. Според него, без оглед на тоа дали таа девалвација е како резултат на „валутна војна“ или не, се чини дека ќе продолжи подолго време и ќе биде во прилог на цената на златотo.

Можеби ќе ве интересира

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа