23 Април, 2024
0.3688

ДЕБЕЛИ ЗА МИНУС: Кои банки даваат камата за плус на трансакциска сметка?

Објавено во: Економија 29 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Домашните банки имаат различна политика кога станува збор за пресметка и исплата на камата за позитивно салдо на трансакциската сметка. Некои не пресметуваат камата ако сте во плус на сметката, а кај некои таа е минимална и се изразува во промили. Но, од друга страна доколку влезете во минус на трансакциската сметка, сите банки ќе ви пресметаат и наплатат највисока можна законски дозволена камата, кој во моментов се движи над 11 отсто.

Комерцијална банка Скопје од први јули престана да исплаќа камата на позитивното салдо на трансакциските сметки на своите клиенти. Објаснувањето што го добивме е дека трансакциската сметка не е наменета за штедење.

- Банката почнувајќи од 01.07.2017 година не исплаќа камата на позитивно салдо на трансакциски сметки, имајќи предвид дека трансакциската сметка преставува сметка за учество во платниот промет, но не и сметка наменета за штедење. За таа намена Банката нуди штедни влогови на кои се добива одреден процент на камата зависно од рокот и валутата на штедење- велат во Комерцијална банка Скопје.

И Охридска банка Сосиете Женерал не пресметува камата на позитивно салдо, односно пасивната камата на трансакциската сметка е 0,00 отсто, додека за дозволено пречекорување пресметува камата од 11,25 отсто.

Кај другите банки, занемарлива е каматата на вишокот пари на трансакциска сметка во споредба со таа што ја наплаќаат за влегување во црвено салдо. Така, НЛБ банка пресметува камата од 0,01 отсто, а исто толкав процент е и каматната стапка што ја дава Стопанска банка Битола. Силк роуд банката дава скалеста камата на позитивно салдо на трансакциска сметка и таа се движи од 0,05 отсто до 0,30 отсто. Минимална камата на позитивно салдо пресметуваат Стопанска банка Скопје и ТТК банка.

Инаку, трансакциската сметка претставува основна сметка за прилив и одлив на средства, односно мора да ја има секој вработен за да може да прими плата, или да плати рата од кредит, да депонира пари за штедење или да земе картичка.

Право на отворање тековна трансакциска сметка имаат сите полнолетни граѓани што остваруваат примања од редовен работен однос, од вршење слободна професионална дејност или занимање, пензиско, инвалидско осигурување или по друга основа. Освен од камати, банките остваруваат приходи од трансакциските сметки и од провизиите кои ги наплатуваат за нивно водење, а кои изнесуват од 20 до 30 денари месечно, ако има каква било трансакција преку сметката.

Вообичаено, банките на клиентите кои своите редовни месечни примања ги примаат преку нивна трансакциска сметка им овозможува да побараат пречекорување на денарската трансакциска сметка, односно да влезат во дозволен минус во зависност од нивната кредитоспособност. Како што објаснуваат банкарите, пречекорувањето на трансакциската сметка претставува краткорочен ненаменски кредит со којшто клиентите добиваат дополнителни средства на располагање на нивната трансакциска сметка, па поради тоа им се наплатува камата.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените