29 Март, 2024
0.0286

Дебелината ќе не убие!

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Загрижувачки податоци откри Институтот за јавно здравје во последната направена анализа за дебелината кај децата при што се бележи раст во однос на статистиките од 2010 година. 

Поголем пораст е забележан кај девојчињата. Лани, Институтот за јавно здравје евидентирал дека над 15 проценти од женските деца во државата се дебели што е за два проценти поени повеќе во споредба со анализата направена пред шест години. Кај момчињата разликата е помала. Во 2010 година, 19,5 проценти од нив имале прекумерна телесна тежина, додека лани има зголемување од еден процент.

Следењето на дебелината кај децата се прави по препорака на Светската здравствена организација. Според правилникот на СЗО, се евидентира и бројот на деца со зголемена телесна тежина. Инаку 11 октомври е прогласен за светски ден за борба со дебелината која не е само физичка состојба со килограмите, туку може да биде причинител на повеќе заболувања како дијабетес, срцеви болести, проблеми со мускулите и коските, како и останатите витални органи.

Оваа анализа открива дека момчињата се повеќе склони на дебелеење. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека над 39 проценти од машките деца во државата имаат телесна тежина која е поголема од предвидената за нивната возраст. Неколку килограми повеќе имаат и девојчињата. Близу 33 проценти од женските деца во земјава имаат зголемена телесна тежина.

Инаку проблемот со вишокот килограми го имаат и возрасните, па така 63 проценти од мажите во државата имаат зголемена тежина, а речиси 20 отсто од нив се дебели. Кај женската популација пак од зголемена телесна тежина страдаат 48 проценти, додека евидентирана дебелина има меѓу 17 од жените во државата.

Според лекарите, дебелината и зголемената телесна тежина се најзначајни фактори за појава на срцеви заболувања. Се смета и дека овие луѓе имаат намален квалитет на живот и поголема можност за појава на болести.

Анализата на Институтот за јавно здравје, освен бројки нуди и решенија за проблемот, па апелира до државните и локални власти да обезбедат здрава животна средина и инфраструктура за спортување на младите.


Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“