29 Март, 2024
0.0254

Деценискиот успех на ИТД Дистрибуција е производ на посветеност, труд и упорност

Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата ИТД  Дистрибуција ја прослави 10 –годишнината од своето постоење во Македонија.  Својата јубилејна годишнина, компанијата заедно со вработените и долгогодишните партнери и соработници од земјата и од странство ја одбележа со свеченост организирана по тој повод изминатиот петок (03.02.2017)  во SkyBar Хотел Русија.

“Во изминатите десет години компанијата интензивно растеше и се развиваше на што денес сум посебно горд. Успеавме да создадеме компанија и бренд кој постојано воведува иновации, кој инвестира и отвора нови работни места. Благодарение на ИТД денес на македонскиот пазар е достапна најдобрата ИТ опрема од најголемите светски производители. Посебно им благодарам на главните “виновници” за големиот успех на ИТД, нашите вработени кои со својата посветеност, ефикасност и напорна работа секојдневно допринесуваат за постојан развој и квалитетна работа ”, изјави Ајри Шеј, генерален менаџер на ИТД Дистрибуција.

ИТД Дистрибуција е водечки бренд во државава за увоз на технолошки производи и компјутерска опрема. Својот одржлив раст во изминатава деценија, менаџментот на компанијата го поистоветува со напорна работа, упорност и во добри и тешки времиња, лојален и посветен тим, квалитет и етика во работата. Токму постојаниот раст допринесе ИТД Дистрибуција секоја година да обезбедува нови работни места и проширување на партнерската мрежа. 

Успешното десет годишно опстојување на ИТД Дистрибуција во земјата е постигнато со квалитетното менаџирање на компанијата која нуди врвна услуга за своите клиенти, а доказ за тоа е и забележаниот раст во услови на глобално економските предизвици. Фокусирани постојано на навремена дистрибуција, квалитетни односи со партнерите, висока бизнис етика, професионалност и беспрекорна логистичка поддршка, вработените и менаџментот изградија високо препознатлив квалитетен бренд.

Компанијата ИТД Дистрибуција е основана во 2007 година, како дел од групацијата Инфософт Груп и многу брзо прераснува во водечка компанија за дистрибуција на ИТ опрема на македонскиот пазар. ИТД Дистрибуција е овластен дистрибутер за светски познатите брендови како што се Dell, HP, Lenovo, IBM, Fujitsu, Genius, GigaByte, TP Link, A-Data, Fabriano и други, за пазарот во Македонија, Албанија и Косово.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија