23 Април, 2024
0.0339

Дел од патиштата проодни, а дел завеани

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Неколку дена откако имавме врнежи од снег, дел од патиштата во земјава се проодни, а дел претежно во руралните средини се завеани. 

Сите магистрални и регионални патни правци во Источна Македонија се проодни, информира првиот човек на регионалната подружница на „Македонија пат“, Кире Коцев.

Постојано се чисти и патот до Плачковица и ски центарот Пониква, каде е зголемена фрекфенцијата на возила.

„Тој патен правец е еден од нај одржуваните и најчист пат, иако нон-стоп врне, сепак е прооден за сообраќај“- вели Коцев

Гостиварското село Куново е отсечено од градот затоа што на патот кој води дотаму има 50 сантиметри снег. Жителите од ова село раскажуваат дека се обратиле до сите институции надлежни за расчистување на патиштата, но засега резултати нема. Селото има дваесетина жители. 

Кружниот тек околу Мавровското Езеро е исчистен и прооден во еден правец. Се очекува машина за целосно расчистување на патниот правец околу езерото во двата правца. За Лазарополе и за Галичник засега не е планирано чистење на патот од наносите од снег, информираат Центарот за управување со кризи(ЦУК). 

Отсечени се и дел од селата од Скопска Црна Гора. Исчистен е патот кон селата Герман, Гошинце и Алешевце во кумановско-липковскиот регион. 

Поплаки има и за градовите каде тротоарите не се исчистени. 

Голем број граѓани деновиве се повредија паѓајќи на снегот и мразот. 





Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП