19 Април, 2024
0.0439

Делегација на Стопанската комора на Македонија – на конференцијата „Предизвиците на патот кон ЕУ“ во Будва

Објавено во: Мои пари 02 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Бизнис-делегација од Стопанската комора на Македонија зеде учество на конференцијата „Предизвиците на патот кон Европската Унија“, која по шести пат се одржува во Будва, во организација на Стопанската комора на Црна Гора, а во соработка со тамошното Министерство за наука.

Како еден од најважните регионални економски настани, конференцијата во редот на учесници вброи околу 500 високи владини претставници и врвни експерти од областа на економијата, политиката, образованието и науката во балкански рамки.

Дел од македонската бизнис-делегација предводена од Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, беа и: Минчо Јорданов, Претседател на УО на „Макстил “, Страшо Милковски, Претседател на УО на „Гранит“, Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на УО на „Алкалоид“, кои воедно се и потпретседатели на Стопанската комора на Македонија, како и Светозар Јаневски, Генерален менаџер на „М6 инвестиции“, Доне Таневски, Претседател на  Бордот на директори на „Македонијатурист“, Никола Битрак, Генерален менаџер на „АФ Консулт“ и други претставници од компании-членки на Стопанската комора. На маргините на Конференцијата, учесниците реализираа значајни меѓусебни средби, со цел воспоставување нови деловни контакти и продлабочување на постојната соработка.

Конференцијата ја отвори Велимир Мијушковиќ, Претседател на Стопанската комора на Црна Гора, по што следуваше обраќање на Претседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ.

Македонската владина делегација беше предводена од Премиерот Зоран Заев, кој свое обраќање имаше во рамки на првиот кенференциски панел: „Регионот по четири години од Берлинскиот процес“, на кој учествуваа и  Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Дениз Звиздиќ, Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, Потпретседателот на Владата на Србија, Расим Љајиќ, како и Потпретседателот на ЕБРД, Пјер Хеилброн. Во своето обраќање, премиерот Заев истакна дека целиот регион мора да оди напред преку унапредување на соработката и дека бизнис-заедницата треба да го искористи вистинскиот момент за што поголема интеграција на регионот, затоа што успехот на бизнисмените ќе значи и благосостојба за граѓаните. Потенцирајќи дека владите мора да бидат јавен сервис на граѓаните и на бизнис-заедницата и дека деловниот менталитет мора да претрпи промени, Премиерот Заев истакна и дека мора повеќе да се работи на дигитализација на економијата, затоа што тоа е иднината и пораката од Европската Унија. И проблемот со обезбедување квалификувана работна сила и моделот на дуалното образование, кое се воведува и во Македонија по пример на германскиот модел, беа  дел од темите во рамки на освртот на македонскиот Премиер.

Дел од македонската владина делегација беа и Рената Тренеска Дескоска, Министер за образование и наука, Кочо Анѓушев, Заменик-претседател на Владата за економски прашања и координација со економските ресори и Крешник Бектеши, Министер за економија.

Подетални информации поврзани со настанот, на следниов линк:

http://www.mchamber.org.mk/(S(tawvvrjq0albqh3qyhklo545))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=35029

Можеби ќе ве интересира

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist