Демант: Убавка Бојаџиевска и Мино Дамјановски веќе не се членови на НО на Факом
Со демант на делови од текстот „Колку месечни паушали земаат членовите на Надзорен одбор во ФАКОМ“ денеска се јави Убавка Бојаџиева и Мино Дамјановски. Го објавуваме во целост.
Објавено во: Економија 26 Октомври, 2016
На 16.10.2016г. имате објавено текст под наслов „Колку месечни паушали земаат членовите на Надзорен одбор во ФАКОМ“.
Во истиот текст пишувате дека освен ќерката на Минчо Јорданов во одборот уште членуваат Убавка Бојаџиева и Мино Дамјановски. Би сакала да ве информирам дека од јуни 2016 година јас, Убавка Бојаџиевска и Мино Дамјановски не сме повеќе членови на Надзорниот одбор на ФАКОМ, а додека ние бевме членови месечниот паушал беше далеку, далеку помал. За новите двајца членови да се информирате дополнително.
Инаку месечниот
паушал драстично се зголеми откако се назначија новите два члена на Надзорниот
одбор на ФАКОМ.