25 Април, 2024
0.0298

Демократски сојуз бара новиот спикер да го почитува Уставот на Република Македонија

Објавено во: Македонија 27 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Денес продолжува конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, на која треба да се избере претседател на Собранието. 

Кој и да биде избран, тоа пред се е свечен чин, но и обврска да го почитува Уставот на Република Македонија, суверенитетот и територијалниот интегритет, стои  во писменото соопштение на Демократскиот сојуз.

„Свечената изјава (заклетва) дадена под знамето на Република Македонија, пратениците и македонската јавност, е силна гаранција дека претседателот на Парламентот со индигнација отфрла било какви обиди кои го нарушуваат унитарниот карактер и суверенитетот на државата. Почитување на Уставот мора да биде императив на сите носители на државни функции, вклучително и на претседателот на Република Македонија, кој за жал е лош пример и непоправлив кога е во прашање кршење на Уставот и свечената изјава која ја даде пред граѓаните на Македонија. Демократскиот сојуз повикува на одговорно однесување од сите пратеници, се со цел промените на власта да бидат во интерес на стабилноста, мирот и просперитетот на демократска и европска Македонија“ - наведуваат од партијата. 

Најавите за спречување на изборот на претседател на Парламентот треба и морa да бидат поразени од демократските сили во Македонија, тврдат од ДС. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот