Демолирани штабови на СДСМ во Драчево и Прилеп
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2017
Партиски штабови на СДСМ се демолирани во Драчево и Прилеп. Освен нанесената материјална штета никој не е повреден бидејќи инцидентите се случиле доцна навечер, а не е украдено ништо.
„Очекуваме полицијата да го расветли инцидентот. Случајот е пријавен во полиција и во моментов се прави увид. Порачуваме дека ваквите инциденти не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.