Демонстрантите од пред Собрание си заминаа
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2017
Демонстрантите од пред Собрание се премислија. Откако поставија шатори и најавија дека ќе кампуваат додека не се повлече Законот за јазиците, по само неколку часа пред законодавниот дом си отидоа, објави Телевизија 24. Нема информација дали од кампувањето ги премисли одложувањето на комисијата или пак не ги запазиле процедурите и не го најавиле протестот.