25 Април, 2024
0.0331

Демонтажата на „груевизмот“

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО ДПМНЕ во неделата го доживеа најтешкиот пораз на локалните избори. Доколку некој пред две години прогнозираше дека една од најбогататите партии во Европа на локалните избори во 2017-та година ќе остане со само неколку општини (скоро без ниту еден голем град), тогаш веројатно целокупната македонската јавност ќе го сметаше за непоправлив оптимист. Што впрочем се случи во неделата и што може да се очекува сега во молчаливиот ВМРО ДПМНЕ. Високи партиски извори првично веќе ги бараат причините за поразот, но сепак потребно е прво соземање од шокот, а потоа сериозна анализа. Јавноста очекува, а аналитичарите порачуваат - продолжува процесот на демонтажа на „груевизмот“, криминален систем кој е метастазиран во државата, во партијата ВМРО ДПМНЕ.

Сите погледи на македонската јавност се вперени кон ВМРО ДПМНЕ. Партиски извори коментираат дека никој не очекуваше ваков катастрофален пораз на партијата. Анализи ќе се прават, но треба да помине малку време, каде погрешни партијата. Можеби е во кампањата не знаеме, велат нашите извори. Партијата во континуитет се обидуваше да ги држи граѓаните во своевиден страв, што од албанците, алудирајќи на законот за употреба на јазиците, потоа барањето на референдуми против градње кампови за мигранти, па потоа се обиде да игра на карта дека договорот за добрососедство со Бугарија е штетен за Македонија, па до евенетуални преговори со Грција, каде нивниот најголем политички противник би го променил името на државата. Евидентно беше дека Груевски и ВМРО ДПМНЕ овој пат не усепаа да ги наметнат овие теми како клучни, особено ставајќи акцент на национализмот. Народот избра, коментираат партиски извори и додаваат да се надеваме дека народот не греши. Интересно е што, никој барем засега, освен реформаторите не се ни обидуваат да прашаат дали можеби Никола Груевски е причината за поразот.

ВМРО ДПМНЕ не ни замислуваше ваков пораз, исто како што СДСМ не ни замислуваше голема победа

Ваков расплет на локалните избори веројатно ВМРО ДПМНЕ не можеше ниту да претпостави, исто како што и СДСМ остана помалку шокирана од неверојатниот резултат. Ниту една анкета и прогноза или пак анализа не успеа да го предвиди дебаклот кој Никола Груевски го доживеа на овие избори. По десетина години апсолутна власт, има ли Груевски опција да остане на политичката сцена, имајќи во вид дека речиси е невозможно Груевски да го „преживеал“ ВМРО ДПМНЕ и да се задржи на челната позиција.

Груевски како лидер на ВМРО ДПМНЕ, политичко прагматично најмногу би му одговарал на СДСМ

На македонската мапа сини станаа општини во кои со години СДСМ немаше дојдено на власт. ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби бастионите - Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром, Прилеп, а послушност откажа и верниот Исток - пораз во Делчево, Свети Николе, Дојран, Кратово. Изборниот шок најмногу се чувствуваше во централниот штаб, во белата палата на ВМРО ДПМНЕ. Тишина, речиси невидливи партиски функционери и скоро без партиски активисти. Поразот лидерот Никола Груевски го препиша на недемократска атмосфера на изборниот ден и нефер услови за изборната кампањата. Сепак Груевски најави и одговорносот - за прв пат своја.

„Што друго од наша страна беше недоволно добро или погрешно направеноза што не добивме подобар резултат на овие избори. Јас како претседател на партијата  сега имам највисока одговорност. За сето тоа и идниот правец ќе се искутира веднаш по завршувањето на изборите“, изјави Груевски.

Останувањето на Груевски на чело на ВМРО ДПМНЕ, оценуваат аналитичарите во овој момент најмногу би им одговарало на социјалдемократите. Тие се сега во состојба каква што беше СДСМ во 2008 година. Партијата на Заев, која профилираше граѓански и мултиетнички концепт се покажа како успешен, а тоа најдобро се гледа во изборниот резултат од неделата.  Никола Груевски кој од 2008 година владееше авторитарно, согласни се најголем дел од аналитичарите монтираше систем каде институциите на системот беа злоупотребувани за линчување на политичките противници, неистомислениците, користејќи ја извршната, но и судската власт, па дури и претседателот. Политичките бомби на СДСМ, преточени во проектот „Вистината за Македонија“, го означија стартот на демонтажа на „груевизмот“. Тој процес веќе незапирливо се движи, а најдобар показател за тоа е и катастрофалниот пораз на ВМРО ДПМНЕ, на локалните избори. Казната на овие избори, пак велат реформаторите на ВМРО ДПМНЕ е за Груевски, а не за партијата.  

Се бара оставка од Груевски, аналитичарите прогнозираат дека тоа ќе се случи на почетокот од ноември

Оставка од Никола Груевски е она што го очекува од политичката и експертска јавнсот, а на ВМРО-ДПМНЕ и се предвидува долг и трнлив реформски пат. Партијата најави анализа на поразот и приговори за нерегуларности - она што дел од луѓето во неговото најблиско опкружување по преспиената ноќ го велат дека клучот за фијаското е фактот дека ВМРО-ДПМНЕ стана партија која не е избор на избори. Инцијаторите за внатрепартиски реформи на партијата, уште во неделата по обелоденувањето на резултатите побара оставка од лидерот Груевски. Реформаторите велат дека се очекува во најбрз рок да почне еден нормален процес на промени во партијата. Тврдат дека се повеќе симпатизери бараат промени во партијата и дека се засилуваат реформските штабови низ земјава. Поранешни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, сега дистанцирани од Груевски, но со подршка за реформаторите се плашат дека Груевски ќе се повлече од претседателската функција, но дека тој ќе биде личноста која ќе го постави својот наследник. Доколку дојде до такво нешто, тогаш не може да очекуваме оти се можни мирни реформи во партијата, велата поранешни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ стравувајќи од нова „Панорама“. Сепак, промени во врвот на партијата додека не заврши и вториот круг од локалните избори речиси е тешко да се остварат, но некои од политичките аналитичари не ја исклучуваат можноста веќе на почетокот од ноември Никола Груевски да соопшти дека се повлекува од лидерската позиција на ВМРО ДПМНЕ. 

Р.Ф


Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови