28 Март, 2024
0.0250

ДЕН НА ЖЕНАТА: Како од борбен дух за поголеми права се стигна до саксија со цвеќе ...

Објавено во: Стил 08 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Oд политички настани и синоними за успешна борба на жените за рамноправност, 8-ми март денес стана датум на кој се слави жената како мајка, сопруга, сестра, пријателка...А вака почнало се ...

Идејата за одбележување на Денот на жените се појави прв пат во почетокот на 20 век во периодот на индустријализацијата.

Жените вработени во индустријата за облека и текстил јавно демонстрираа на 8-ми март 1857 година во Њујорк.

Барале подобри услови за работа и поголеми плати. Нивниот протест е задушен, но поттикнал формирање на првиот женски синдикат.

Демонстрацииите се продолжени во следните години, а најмасовни биле во 1908 година во Њујорк марширале 15 000 жени.

Барале кратко работно време, подобри плати и право на глас. 

Првата меѓународна женска конференција е одржана во Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала.

Празникот е востановен на предлог на германската политичарка и борец на човекови права Клара Цеткин.

Следната година празникот го обележале милион луѓе во Автсрија, Данска, Германија и Швајцарија .Во Србија првата прослава е одржана во Белград во 1914 година.

На заложбите на Александра Колеонте, Ленин 8-ми март го прогласил за државен празик во 1917 година.

Од 1965 година Денот на жените е неработен во Русија.

Во 30-тите години западните земји речиси престанале да го одбележуваат 8 ми март, дел од нив поради поврзувањата со комунизмот, а во 60-тите прославата на Денот на жените е обновена .

Обединетите нации официјално 8-ми март го прогласиле за Меѓународен ден на жените во 1975 година .

Воведени се права на породилно боледување, ограничување на работата на жените во ноќни смени, платежна рамноправност, право на глас...

Нов Зеланд прв во историјата на жените им даде право на глас во1893 година , Југославија тоа го направи 57 години подоцна.

Денот на жената почна како политички настан но денес стана нешто сосема друго. Ден кога жената се слави како мајка, сопруга, сестра.

Во некои земји, пред се, на Блискиот исток, борбата на жената за рамноправност и понатаму трае...

Фактор им го честита празникот на сите наши читателки од понежниот пол.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи