24 Април, 2024
0.0287

Ден за одлука: Притвор или слобода за Сеад Кочан

Објавено во: Македонија 15 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Сеад Кочан одлуката на Апелациониот суд кој денес ќе одлучува за неговата мерка притвор ќе ја следи некаде од странство. Тој во четвртокот границата ја поминал како осомничен, но слободен човек. Сега по него има распишано меѓународна потерница, а Апелациониот суд ќе донесе конечна одлука дали Кочан доколку биде уапсен ќе оди во затворот во Шутка или ќе се брани од слобода.

Апелациониот суд денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на одбраната на сопственикот на телевизијата Нова, Сеад Кочан, кој е осомничен во предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство.По барање на една од странките, седницата ќе биде јавна.

На седницата обвинителите од СЈО и одбраната ќе ги соочат аргументите околу оправданоста на одлуката на бизнисменот да му биде одреден притвор.Дали мерката притвор ќе остане на сила или пак ќе биде укината ќе одлучи Апелациониот суд. Одлуката на овој суд е конечна.

Ставот на одбраната на осомничениот Кочан е дека решението за одредување мерка притвор е правно неиздржано. Според адвокатот Никола Додевски прекршен е законот затоа што по поднесената жалба, Апелациониот суд бил оневозможен да донесе одлука по поднесената жалба.

Зошто Сеад Кочан веднаш не беше испратен во притвор?

Судијката на претходна постапка која беше првата што одлучуваше по мерката притвор што СЈО ја побара за првоосомничениот, направила низа пропусти. Речиси по сите основи за одредување на мерка притвор, судијката погрешно оценила дека не постои опасност од бегство.

На оваа одлука на судијката, жалба поднесе СЈО, по што Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 донесе одлука на Кочан да му се одреди мерка притвор. Аргументите на Кривичниот совет беа следниве:

Осомничениот е имотен човек, што укажува на тоа дека може да се даде во бегство, бидејќи истиот поседува ресурси кои би можеле тоа да му го овозможат. Преку материјалните средства што тој ги поседува, осомничениот може непречено да реализира напуштање на границите на РМ и обезбедување на засолниште во странство, дотолку повеќе што неспорен е фактот дека тој многу често патува надвор од земјата.

Советот смета дека, судијата на претходна постапка погрешно оценил дека околноста што осомничениот има семејство, цврсти роднински врски во земјата и дека нема роднини надвор од државата, укажуваат на мала веројатност од бегство. Наведените околности според Советот, не ја елиминираат опасноста од бегство на осомничениот.  

Стравувањата на Кривичниот совет се остварија, бидејќи веќе шести ден Кочан не им е достапен на истражните органи. Тој според зборовите на неговиот адвокат е на службен пат, но МВР по него трага со меѓународна потерница.

Кочан го нема, сопругата се повлече од „Трансмет“

Сопругата на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан, Асмира Кочан, вчера се повлече од менаџерската позиција во фирмата „Трансмет лаб ДООЕЛ“, фирма ќерка на компанијата „Трансмет ДОО“. Ова се случува само неколку дена откако нејзиниот сопруг излезе од државата, а по него е распишана потерница за притвор. Нов директор на местото на Асмира Кочан во „Трансмет лаб“ е Селма Кочан, дел од фамилијата Кочан.

Во предметот „Труст“ осомничени се Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, кои во 2012 година биле сопственици или  управителина фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“и со лажни документи добиле тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. На Василие Авировиќ судија на претходна постапка му одреди мерки на безбедност, меѓу кои и забрана за комуницирање со одредени лица.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип