18 Април, 2024
0.1892

Денес се слави Бадник, утре Божиќ

Објавено во: Стил 06 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

За верниците од христијанска вероисповед Божиќ е еден од трите најголеми празници кога според христијанското верување роден е Синот божји Исус Христос.

Христијанските верници кои се раководат според јулијанскиот календар Божиќ  го одбележуваат на седми Јануари а ден претходно го празнуваат Бадник. На Бадник во домашното огниште се пали бадниково дрвце, кое претставува симбол на светлината и топлината, кои треба да ги греат и зближуваат членовите на семејството.

Погачата во која се става паричка се крши на онолку делови колку што има членови во семејството. Паричката од злато или сребро го симболизира дарот на новородениот Христа, а се верува дека среќа ќе го прати оној кој ќе ја пронајде паричката. Според стариот јулијански календар се раководат Ерусалимската патријаршија, Македонската православна црква, српската, руската, грузиската црква и Света гора. 

Според Библијата, Исус е Син Божји, кој го родила девица Марија, со безгрешно зачнување по пат на Светиот дух, во градот Витлеем. Бидејќи во Новиот завет не се наведува точното раѓање на Исус, првите христијани не го славеле Божиќ, туку само Велигден.  Божиќ почнал да се слави во Рим во 354 година, според многу извори, на денот кога претходно се славело раѓањето на римското божество на сонцето. Божиќ е семеен празник и се одбележува во домовите и црквите. На Божиќ му претходи четириесетдневен пост. Луѓето на Божиќ се поздравуваат со „Христос се роди – Навистина се роди“.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре