Добивај вести на Viber
Тргувањето на Wall Street и денеска е целосно прекинато, поради ураганот Сенди. На пазарот на капитал е очигледно дека на инвеститорите им фали насоката од најголемата светска берза, но на Wall Street најверојатно нема да се тргува ни утре ако Сенди не запре.
Сенди, ураганот кој го погоди источниот брег на САД најмногу влијаеше на нафтениот пазар.
Цената на нафтата се намалува веќе втор ден по ред, синоќа фјучерсите на лесната американска сурова нафта со рок на испорака до декември поевтини на 85,54 долари за барел, што е најниско ниво уште од 10 јули.
Во електронската трговија на стокова берза во Њујорк лесната нафта продолжи да поевтинува непречено.