16 Април, 2024
0.0261

Денеска е меѓународeн ден на среќата

Објавено во: Стил 20 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Говорејќи на состанокот на високо ниво „Среќа и благосостојба: Дефинирање на нова економска парадигма“ одржана за време на 66. сесија на Генералното собрание на ОН, генералниот секретар Бан Ки-Мун истакна дека на светот „му треба нова економска парадигма која го признава соодносот меѓу трите столба на одржливиот развој. Генералното собрание на Обединетите нации во својата резолуција 66/281 од 12 јули 2012 го прогласи 20 март за Меѓународен ден на среќата, признавајќи ја важноста на среќата и благосостојбата како универзални цели и аспирации во животот на луѓето во светот. Порака на Генералниот секретар Постигнувањето на среќа лежи во сржта на човековите напори. Луѓето од целиот свет се стремат да водат среќен и исполнет живот, ослободен од страв и беда, и во хармонија со природата. Сепак, основната материјалната благосостојба сè уште е неостварлива за премногу луѓе кои живеат во крајна сиромаштија. Социо-економските кризи, насилството и криминалот, деградацијата на животната средина и зголемувањето на последиците од климатските промени, сè уште се сеприсутна закана за многу луѓе. Минатата година на Рио+20 Конференцијата на ОН за одржлив развој, земјите-членки се согласија околу потребата за балансиран пристап кон одржливиот развој со интегрирање на неговите три столба: економскиот раст, социјалниот развој и заштитата на животната средина. Јас сум охрабрен од напорите на некои влади да дизајнираат политики базирани на индикатори за сеопфатна благосостојба. Јас ги охрабрувам другите да го следат тој пример. На овој прв Меѓународени ден на среќата, нека зајакне нашата посветеност за инклузивен и одржлив човечки развој, да се обнови нашата заложба да им помогнеме на другите. Кога ќе придонесеме за општото добро, ние самите сме збогатени. Сочувството промовира среќа и помага во градењето на иднината што ја сакаме.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре