20 Април, 2024
0.0287

Денеска внатрепартиски консултации, а од утре продолжуваат преговорите за Влада

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Преговорите околу составот на новата Влада продолжуваат утре. 

Лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев утре ги почнува средбите со Алијансата за Албанците. 

Пратеникот Зијадин Села од Алијансата за Албанците за утре најави прес-конференција во Тетово  и ќе се обрати на јавноста првпат по упадот во Собранието на 27 април кога беше претепан. 

Од  СДСМ велат дека денеска вршат консултации во рамки на партијата, а меѓупартиски средби засега немаат закажано. Од БЕСА објаснуваат дека нивните работни групи денеска работат на усогласување на ставовите после вчерашните преговори со СДСМ. 

Претходните два дена во седиштето на СДСМ се водеа преговори со ДУИ и со БЕСА. 

Претставниците на сите партии изјавија дека не преговарале за конкретни барања, туку за принципите околу формирањето на Владата. 

Заев има рок од 20 дена за состав на Владата, но по добивање на мандатот најави дека тоа ќе се случи порано. 

Можеби ќе ве интересира

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ