28 Март, 2024
0.0280

Деновиве ќе имаме обилни врнежи, наместа до 60 литри на квадрат

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Во вторник и среда ќе имаме врнежливо време. 

Македонија од денеска ќе потпадне под влијание на засилено јужно воздушно струење и на топла и влажна воздушна маса, кои во наредните денови ќе условат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој во северозападните делови на моменти ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Во вечерните и ноќните часови во западните и во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд со услови за појава на грмежи. Сепак, денеска ќе имаме невообичаено топло време за овој период од годината

Пооблачно со обилни врнежи од дожд ќе биде во вторник и среда, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 50, а локално и над 60 л/м2 дожд. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Во овие два дена ќе дува засилен повремено и силен јужен ветер чија брзина на моменти ќе достигнува и над 70 км/ч.

Во среда кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите на воздухот, поради што на планините врнежите ќе преминат во снег. 


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија