25 Април, 2024
0.0558

Десет транспортери од Македонија наградени со наградата „ТOP MANAGER“ на ИРУ

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Десет транспортни менаџери од Република Македонија превозници на патници и на стоки се годинашните добитници на наградата ТOP MANAGER за 2017 година што традиционално ја доделува најголемата транспортна асоцијација во светот, Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ, со седиште во Женева.

Со посредство на СИЗ „Македонија сообраќај“ – АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во нашата земја, годинава ова значајно транспортно признание на ИРУ им припадна на: Марјан Крстевски од транспортната фирма АСПЕРА КОМЕРЦ, Зоран Љубенов – ДТТ ЛИДО, Бесим Алиов – ДУДО АГ, Робе Спасов – ЕЛМА ТРАНС, Ѓорѓи Вчков – Македонија сообракај АД, Александар Ристовски – РИВИЕЛ ДООЕЛ, Ѓорѓи Ристов – САБРИНА ТРАНС, Зоран Јамандиев – ШЕФЧЕ ТРАНС ДООЕЛ, Николчо Капсаров – ТРАНСБАЛКАН ДООЕЛ и Андреј Костов од ТРЕЈД КОСТОВ ТРАНСПОРТ. Тие станаа составен дел на тимот на 60 најдобри менаџери во транспортот, за кои ИРУ неодамна донесе одлука да ги награди со своето највисоко признание. Наградените се од 15 земји во светот, и тоа од: Аргентина (1), Белорусија (3), Чешка (5), Естонија (4), Македонија (10), Германија (3), Казаxстан (8), Мексико (12), Молдавија (4), Романија (3), Русија (5) и Украина (2). 

– Оваа престижна награда што нашите транспортери имаа чест да ја добијат од ИРУ, е потврда и признание за нивното менџерско работење, за лидерските достигнувања и секако за професионалното искуство во негувањето и промовирањето на сигурен, безбеден, еколошки и ефикасен патен транспорт. Наградата на ИРУ за ТОП-менаџери во патниот транспорт ги наградува главните менаџери на компаниите во патниот сообраќај, ангажирани во националниот и меѓународниот превоз на стока или патници, вклучувајќи ги и такси-компаниите. Во согласност со прописите, со кои се регулира доделувањето на оваа награда, асоцијациите членки на ИРУ, а меѓу нив и АМЕРИТ, ги избраа оние кандидати од нивните земји, кои целосно ги исполнуваат сите услови за регулирање и аплицирање и уредно ги доставија номинациите до Генералниот секретаријат на ИРУ. Наградата ТOP MANAGER на ИРУ има за цел поуспешно работење на транспортерите, што соодветно ја валоризираат и наградуваат и општествената заедница, односно државата од каде што тие потекнуваат, а еве и Меѓународната унија за патен транспорт – изјави Емил Милев, управителот на СИЗ „Македонија сообраќај“ – АМЕРИТ.

Аплицирањето за наградата ТOP MANAGER на ИРУ кај нас веќе традиционално секоја година се врши со посредство на СИЗ „Македонија сообраќај“ – АМЕРИТ, која е национална асоцијација, членка на Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ и која во текот на целата година го следи работењето на транспортните менаџери и на нивните фирми, ги бодува и ги предложува до ИРУ. Самата номинација на менаџерот за оваа награда од страна на националната асоцијација претставува и автоматска потврда дека компанијата работи успешно и спроведува добри практики во работењето и транспортот како и дека под раководство на менаџерот компанијата нема направено никакви прекршоци на царински или на други административни регулативи.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка