29 Март, 2024
0.0229

Десет здрави намирници за борба против стрес

Објавено во: Стил 17 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Брзото темпо на живот носи стрес, и затоа ни се потребни намирници кои ќе ни помогнат за борба со него. 

Pick the brain објави листа на намирници кои ќе ви помогнат да се изборите со стресот и да си го вратите животниот баланс. 

Тука спаѓаат боровница, млеко, црно чоколадо, лосос, авокадо, зелен чај, портокали, бадеми, спанаќ, и интегрален ориз. 

Боровницата има антиоксиданси, витамини Е и Ц. 

Млекото има витамини А, Д, калциум, антиоксиданси. 

Чоколадо треба да се јаде дневно помалку од 50 грама. 

Лососот е добар поради омега 3 масни киселини. 

Авокадото содржи витамини Е, Ц, калиум, влакна. 

Зелениот чај го подигнува расположението кај луѓето. 

Портокалот содржи витамина А и го јакне имунитетот. 

Бадемот има селен, цинк, витамини Е, Д, кои го совладуваат стресот. 

Спанаќот е богат со калиум, фосфор, магнезиум, калциум, витамини А, Б и Ц. 

Оризот е добар за срце, подобрување на крвна слика и мозочни функции.