Десет знаци дека се гушите во долгови
Објавено во: Економија 27 Мај, 2017
Според финансиските советници, ако се препознаете во некој од овие 10 карактеристики, значи дека веќе сте во долгови.
Колку платив за сметки?
Ако не знаете колку пари имате на сметка, веќе имате проблем.
Не платив сметки
Со месеци доцните со плаќање на сметки за струја, вода, смет, па дури и кредит и ова е најлоша опција.
Кога ќе има плата?
Веќе неколку дена немате пари во џеб пред да земете плата. Ќе треба да ги планирате обврските на месечно ниво.
Пеглање и само пеглање
Живеете од долг до долг. Уплатувате минималец за да картичката ви функционира и идниот месец.
Имате долг поголем од цена на стан
Вашите долгови кога ќе ги ставите на хартија се поголеми од цена на недвижен имот.
Се држите подалеку од банки
Со месеци избегнувате да одите до банка.
Соништа и само соништа
Го одложувате остварувањето на секоја своја цел
Премногу рати
Имате многу рати на многу места и тоа е лошо.
Позајмувате на сите страни
Сте земале пари од пријатели или роднини и се прашувате кога ќе земете плата. Така ви се чини дека месецот трае многу долго.