29 Март, 2024
0.0260

Десковска: Секој потрошен денар од Буџетот ќе биде на увид кај граѓаните

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Секој потрошен денар од Буџетот на Република Македонија ќе биде на увид кај граѓаните и сите ќе имаат можност да видат како се трошат нивните пари, изјави денеска на прес-конференција Рената Тренеска Десковска, член на ИО на СДСМ. 

Вели ова ќе претставува важен чекор во спречување на злоупотребите на властa.

„Македонија мора да има институции кои ќе бидат отчетни кон јавноста. Ќе воведеме мерки преку кои секој граѓанин од својот компјутер ќе може да провери колкава е платата на секој јавен функионер и дали и колкави надоместоци зема за патни или други трошоци и слично“ - изјави таа. 

Секој министер ќе знае дека негов контролор е секој граѓанин на Македонија, додава Десковска. 

„Ќе ја зајакнеме и контролата на Владата од страна на Собранието. Досега министрите бегаа од соочување во Собранието, ескивираа од пратеничките прашања кои имавме право да ги поставуваме само еднаш месечно. Заради зголемена транспарентност на Владата пред Собранието, наместо еднаш во месецот,  пратеничките прашања ќе се одржуваат еднаш неделно, а наместо наместени и популистички телевизиски седници на Владата, јавноста ќе има целосен увид во сите владини документи и заклучоци како што се материјали за седници, дневен ред, записници, и одлуки“ - објасни Десковска. 

Вели дека со ваквите мерки имаат план да создадат праведно и сигурно општество.

Смета дека ова е добар начин да се врати довербата во институциите. 


Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите