19 Април, 2024
0.0276

Деспина Стојановска: Родителите имаат потреба од едукација да израснат здраво и исполнето дете денес

Објавено во: Стил 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Една од најсложените улоги кои ги имаме во животот е улогата на родител. Скоро секој родител го посакува најдоброто за своето дете. Токму во настојувањата да ги реализираме нашите улоги како беспрекорни родители, често сите ние грешиме. Секојдневната динамика испреплетена со постојано брзање, потрага по успех, нерешливи потешкотии, неизвесност итн.. сè повеќе нè оддалечува од хармоничниот природен однос на семејно функционирање со нашите поколенија. Иако навидум сме присутни, сепак сè почесто времето поминато дома го структурираме со повлекување во себе и тивко планирање на следниот ден, недела, година и сл.

Денес на тема родителство, улога и вештини, како да станеме поуспешни во нашата животна улога, разговараме со Деспина Стојановска, системски семеен советник, која има повеќегодишно работно искуство во областа на психологијата и психотерапијата како психотерапевт, предавач, фасилитатор и модератор на фокус групи.

Женски Магазин И родителството се учи. Кои се вештините кои им ги пренесувате на родителите?

Деспина Секој родител, очекувано е да се труди и да сака да израсне среќно, успешно и здраво дете. Способноста да бидеме вешти во родителството и воспитувањето, е нешто што може да се надградува и постојано да се надополнува со новини кои ќе придонесат кон подигнување на квалитетот на живот, како на самото дете, така и на родителот. Во оваа смисла, вештините кои се учат се во насока на поголемо разбирање на родителот за потребите на детето, но и подигнување на свеста за самиот себе и начинот на кој живее и истовремено претставува модел на идентификација на детето.

Целото интервју прочитајте го на Женски магазин овде.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган