28 Март, 2024
0.0243

Децата не се само бројки, тие се личности!

Објавено во: Анализа 30 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Не стој до мене, трудна сум. Може да те префати. Така излезе ситуцијата со најкоментираната тема деновиве. Наталитетот ни паднал, до таа мера, што премиерот го стави на приоритет листата, без конкретно да ни посочи каква стратегија ќе ни понуди, со која ќе ги поткрепи барањата за многудетни семејства во време на економски застој. Веднаш зад него застанаа свештените лица со пораката Множете се чеда. Најголемата шлаканица стаса, не од маж туку од жена, која полесно ќе ги брани дрвјата во Македонија, барем така навидум изгледаше нејзината изјава. А години наназад таа беше во организации на жени, каде сигурно најмалку две жени и го покажале најгорчливиот женски проблем: Ќе останат ли на работа, ако затруднат или дали по породилното некој друг го пополнил нивното место. Дали треба да се вреднува едно дете? Колку чини еден детски лик, среќен, одгледан, воспитан и образуван за да може да се вклопи во нормативите на 21 век. За почетокот ова ме однесе до прашањето, зошто сакаме деца? Заради пораст на наталитетот или заради љубов и лична желба да имаме семејство? Порано, браковите се склучувале по договор. Но, за среќа, сега, не е така. Сега љубота е една од клучните препораки за градење на брачното стебло. Изборот на неговото разградување би требало да биде лично, но не секогаш е така. Економската стабилност е една од клучните гранки која може да го попречува целиот тој развој. Динамиката на времето секако става пранги и на брачната заедница. Многу од младите се чувствуваат несреќно, затоа што и покрај сите свои предиспозиции, не можат да најдат работа, па се зависни од своите родители, што ги става во една незавидна положба во 21 век...економски не можат да се одржат. Браковите и нивната стабилност ќе ги оставиме како друга тема која темелно ќе ја обработиме. За да не ни излезе од рамки сегашнава. Жената не е само домаќинка. Таа е мајка, сопруга, пријател и колешка Нејсе. Секое семејство е побогато со деца. Тоа е факт, непобитен. Но, дали знаете дека одгледувањето деца, денес и во минатото никако не се компарираат? Првенствено поради фактот –време, кој направил многу промени, технолошки, технички, образовни и сл. Жената пред 100 години и жената денес се две различни жени. И во обата случаи еднакво моќни во улогата на мајки, дури и незаменливи. Во првиот случај жените во 96% беа домаќинки семејно подредени на семјеството, домот и сопругот. Нивниот работен ден беше пополнет толку со обврските во овие три категории. Жената во 21 е образувана, еманципирана, успешна жена. Притоа, само мал процент од оваа категорија на жени сакаат да останат само успешни жени. Најголемиот дел од нив смета дека титулата најуспешна секогаш е во рацете на убава и силна жена, доволно емаципирана и образувана, вработена и ценета колешка, пријатна и секогаш расположена партнерка, но најважно од се-мајка. Оваа титула многу тешко се оджува, бидејќи секогаш на Балканот жената е растргнат звер кој мора секаде да биде подеднакво добра, а приота никако да не киксне и задолжително да ја чува насмевката за саканиот додека ги одгледува нивните деца. Повторно ќе на направам  временска паралела, овојпат ваква: децата пред 100 години и децата сега. Во првиот случај постоеја семејства со по 8-9 деца. Трчаа заедно, се дружеа, јадеа што имаше. Но, имаа време на претек, бидејки ретко кој во тоа време можеше да си дозволи образование на сите деца. Во најдобри случаи завршува едно до две, или 4 до 8 одделени. Проеверете ја статистиката, ако не верувате. Лесно ќе најдете млади и амбициозни кои по 2та светска војна завршиле ноќна школа. Ама тоа го правеле кога имале по 30тина години, а не на онаа стандардна возраст на која ние  денес ги образуваме нашите деца. Во 21 век за да воспитате, образувате и изградите еден примерен детски нормален лик, како мајка, а и како татко треба да вложите многу повеќе труд. Не само љубов, бидејќи тоа едноставно ќе биде малку, а вашето дете не ќе може да се вклопи во динамиката на денешницата. Од старт треба да бидете подготвени дека вашето дете треба да биде технолошки подготвено, ако ние како деца се радуваавме на Комодоре, ова дете ќе треба да знае совршено да ракува со таблет. Да чита книги од интернет, а не во библиотека, без разлика колкав ќе биде нашиот отпор притоа, тое е подреденоста на новите вредности кои ни како поедениц, ни како гупа не можеме да ги смениме. Може само да се прилагодиме. Во наше време се учеше само англиски. Е сега тоа  е малку. Тоа се знае уште од градинка. Значи за почеток, вашето дете треба да владе најмалку два странски јазика, ако сакате на било каков начин во блиска иднина да може да се вклопи во системот најмалку, а ако сака пак, успешна кариера ќе требаат и други жртви. Каква иднина посакувате за своето дете? Ме вчудоневиде деновиве лесното споредување со Африка или со ромската популација. Таму имале многу деца без да се анализира премногу. Оние кои ги споменаа овие две ставки, за жал само сакале да пополнат бројки, но не и да ја посочат суштината. Таа пак вели: поради стапката на сиромаштија и глад, што доведува до смртност или болести кај децата, во Африка се спроведува стратегија на намалување на наталитетот. Во контекст на вториот факт, во кој некои дури се фалат дека ромките не се грижеле многу затоа што немале куќа, тие едноставно се радувале на многу деца. Но, доволна ли е само радоста. Зарем не сте биле нем сведок на злоупотребата на деца од  токму овие мајки, кои ги тераат на улица за да питачат или крадат? Најголемиот процент на мајки здраворазумно не го делат ниту еден од овие два става, затоа што како мајка му го посакуваат најдоброто на своето дете. Едно дете за да стане личност, треба да се нахрани, напие, облече, образува и најважно од се, да се воспитува и сака. За мајките ќе беше најлесно само да раѓаат и тука да заврши секоја нивна одговорност во врска со нивното дете. Но, не е баш така. Токму и затоа многу мајки се чувствуваат поразени, кога веднаш по сознанието дека се бремени, добиваат лоша честитка од фирмата во која работата во која пишува дека тие не сметале на нејзината бременост. Втора, истотака поразителна ситуација е враќањето на работа по завршувањето на породилно, а таму имате ситуација, извини, но твоето место е веќе пополнето. Што треба да направи една мајка во тој случај, да плаче или да пита со своето дете, очекувајќи на тој начин да го разреши овој семеен проблем? Не е редок ни случајот кога бремени жени се дикриминирани на работа, токму поради нивната состојба. Бременоста е како заразна болест, па често дури и големите фирми не би сакале во својот тим да вметнат бремена жена без разлика на нејзите способност, затоа што нејзината состојба едноставно не се поклопува со нивната стратегија за раст. Градинките мака мачат со групно чување на 30 деца Следно прашаење кое треба да се разгледува е дали има начин да и се помогне на една мајка, која во исто време мајка, сопруга, колешка, пријателка? Некој ќе рече, да има градинки. А во градинките чудесна ситуација, 30 деца на две воспитувачки. Можат ли тие да се справат со толку деца, можат ли да ги воспитаат, можат ли воопшто да внимаваат на нив. Па, често децата знаат повеќе и од самите воспитувачки. Секоја чест на исклучоците, но поразително за секоја мајка е да го оставиш твоето дете на друг, притоа да не си сугурен колку ќе јаде, пие, дали некој ќе го провери кога ќе падне или сл. Секако, мора да посочиме дека има програми, но каква е нивната спроведливост при 30 деца? Плус, често самите воспитувачки повеќе сакаат пауза за  кафе и муабет, задскривајќи се притоа на нивните лоши услови за работа, што никако не е стандард за професоинализам. Но, ни тие не се виновни. Можат ли децата да бидат само бројки за остварување статистички цели, па и за наталитет? И ова не е се. Тука се уште и тешките економски состојби, кои многу семејства во земјава оставиле само на леб и вода, па не се ни осмелуваат да побараат повеќе. Да не зборувам дека просечните семејства одамна се далеку под просекот, прашајте ја т.н. средна класа. Бројки не споменав од една едноставна причина, децата имаат непроценлива вредност за сите нас. Па, токму затоа ако навистина толку многу ни требаат, да не ги третираме како статистички бројки, туку како човечки големини. Впрочем и тие се луѓе, нели! Ако ги посакуваме толку многу, тогаш навистина да се потрудиме, да им покажеме дека го вреднуваме вистински сиот труд кој е вложен во нивното создвање.   Вики Ристоска

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот