25 Април, 2024
0.0265

Девет извонредни дестинации кои туристите ги одминуваат

Објавено во: Стил 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Ако сте уморни од посета на познати туристички дестинации, овие места ќе бидат вистинско освежување за вас. 

Белфаст во Северна Ирска многу се измени во последните 10 години и сега може да се пофали со бројни фестивали. Можат да се видат политички мурали и улична уметност. 

Букурешт во Романија е град кој дење ги привлекува гостите со културни настани, а навечер со барови и техно журки. 

Џенова во Италија е еден од најдобро сочуваните средновековни градови во Европа. Не треба да се одмине улицата Гарибалди, позната пешачка зона, која има ресторани, музеи, продавници и занаетчиски дуќани. 

Љубљана иако е полна со стари градби никогаш не била популарна за туристи. 

Валенсија, третиот по големина град во Шпанија е спој на храна и архитектура. 

Орхус во Данска во 2017 година ќе биде престолнина на културата во Европа. По гастрономија му конкурира на Копенхаген, а како дел од изложба имаат и мумија стара 2000 години. 

Бремен во Германија го има еден од најстарите вински подруми. 

Во Хелсинки во Финска не заборавајте да посетите сауна. 

Лион во Франција е престолнина на гастрономијата и го има еден од најбогатите музеи во земјата. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти