29 Март, 2024
0.0277

Дезодоранси и торби, нова заплена на Царината

Објавено во: Мои пари 26 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Царинските службеници од граничниот премин Богородица запленија 6.186 дезодоранси и 50 торби поради сомнение дека повредуваат права на интелектуална сопственост на познати трговски марки.

Како што соопшти Царинската управа, дезодорансите се пронајдени вчера при влез во Република Македонија во турски камион натоварен со збирна стока, наменета за фирма во Косово. Фактурната вредност на стоката изнесува 148 илјади денари, но доколку би се продавале како оригинал вредноста би достигнала над 60 илјади евра.

Претходно, цариниците на граничниот премин Ќафасан при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски таблички пријавено за влез во државата, управувано од македонски државјанин во кое патувал и албански државјанин, открија 54 торби со ознаки на познати  трговски марки. Вредноста на торбите, доколку би се продавале како оригинал би можела да достигне до 1.500 евра.

Стоката е задржана и во двата случаи заради утврдување на нејзината оригиналност, согласно Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост.

Денеска се одбележува Светскиот ден на интелектуалната сопственост и по тој повод е спроведено јавно уништување на одземени предмети со кои се повредени правата од интелектуална сопственост. Акцијата ја организира Координативното тело за интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија. Во депонијата Дрисла ќе бидат уништени производи одземени при акции на државните органи за што е потврдено дека повредуваат права од интелектуална сопственост и за кои се донесени правосилни и извршни кривични и прекршочни одлуки на надлежните судови.

Можеби ќе ве интересира

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон