29 Март, 2024
0.0257

ДФРМ се врати со бронза од Олимпијадата за физика

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) на 48 Меѓународна олимпијада по физика што се одржува од 16 до 24 јули 2017 ја претстави Република Македонија со тим од тројца ученици и двајца водачи: Александар Иванов, ученик во трета година, ПСУ Јахја Кемал - Бутел Мартин Ристовски, ученик во втора година, ПСУ Јахја Кемал - Бутел Ѓорѓи Витанов, ученик во трета година, ПСУ Јахја Кемал - Струмица Доц. д-р Боце Митревски, (ДФРМ) Доц. д-р Ламбе Барандовски (ДФРМ).

На ова престижно натпреварување (олимпијада) за талентирани ученици од област физика, ученикот Александар Иванов од Свети Николе освои бронзен медал. Секако, и другите двајца ученици достојно ја претставија Република Македонија и кои беа блиску до освојување на пофалници. 

На олимпијадата учествуваа 404 ученици од 88 држави, 168 водачи на националните тимови, 76 набљудувачи и 14 посетители. Како потсетување, претходната година на 47 Меѓународна олимпијада по физика (Цирих, Швајцарија 2016 година), тимот од Република Македонија освои еден бронзен медал (Дејан Максимовски) и една пофалница (Александар Иванов). Ученикот Дејан Максимовски сега е студент на Колгејт универзитетот во САД. Целата организација за подготовка и учество на тимот од Република Македонија е дел од активностите на ДФРМ. Подготовките на тимот беа на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

- Почитувани, во оваа прилика покрај тоа што сакаме да ја споделиме радоста, сакаме да споделиме информација за тоа дека ваквите надарени ученици и активностите на ДФРМ, ниту се финансирани, ниту подржани од некоја институција, организација или компанија. Многу барања, малку ветувања, неколку тапкања по рамо, и резултат нула. Оваа година, поради сериозни финансиски проблеми, оддалеченоста до местото на одржување и неколку барања до организаторот, од плаќање на котизација за учество да бидат ослободени барем учениците, ДФРМ мораше да го намали тимот од пет на тројца ученици, . 

Сите проблеми поврзани со финасии, сериозно влијаат на организацијата, подготовките, и секако на резултатот на натпреварот. Сепак, веруваме дека има разумни луѓе со отворен ум и широко срце, луѓе од институции, компании и организации кои можат да ги разберат надарените ученици. Ова се однесува не само за надарени ученици по физика, затоа што знаеме, истата судбина ја делат и надарени ученици и здруженија од други области. И во името на сите нив, не се откажуваме, затоа што тогаш не ќе може да им кажеме на нашите ученици, студенти, на нашите деца дека треба да се борат, велат од ДФРМ.

Овој успех нека биде поттик за сите ученици и нивни наставници - ментори кои на општинските натпревари го почнаа и го продолжија патот на успехот преку регионалнните, републичките и селекционите натпревари по физика. 

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата