Џенерал моторс вработува нови 2.600 лица во Бразил?!
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2013
2.630 нови работни места во Бразил најави раководството на Џенерал моторс во „Гравитал индустри комплекс“, кој ќе го зголеми годишното производство од 230.000 на 380.000 возила.
Во фабриката во Бразил каде се произведуваат шевролети „Селт“ и „Оникс“, ќе биде оформена и трета екипа за производство од 1.450 работници, илјада доставувачи и 180 вработени во администрација.
Ваквата најава следи откако, поради заканите од штрајк во бразилскиот погон Сао Хозе дос Кампос, во саботата е одложена одлуката за гаснење на 750 работни места, а управата вети дека во него ќе инвестира 183 милиони евра.