Џон Кери вети мерки за помагање на палестинската економија
Објавено во: Свет 09 Април, 2013
Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека се договорил да работи со израелски и палестински лидери за зајакнување на економскиот раст на Западниот Брег.
- Се договоривме да се ангажираме со нови напори, конкретни чекори за поттикнување на економскиот развој и за укинување на некои тешкотии и пречки, што постојат во однос на трговијата на Западниот Брег, рече Кери на крајот на тридневната посета на Блискиот Исток.
Тој рече дека наредната седмица ќе даде целосни детали за економските планови.
Државниот секретар на САД истакна дека имал многу конструктивни разговори со израелски и палестински лидери и вети да работи активно за обновување на директните израелско-палестински мировни преговори.