ДИК се подготвува за избори - еве што одлучија
Објавено во: Македонија 20 Август, 2017
Државната изборна комисија (ДИК) ги почна подготовките за одржувањето на локалните избори во октомври.
Дик синоќа одржа седница на која разгледа повеќе информации и заклучоци како подготовка за претстојните избори.
На дневен ред беше и извештајот за утврдување на состојбата во Избирачкиот список за ставање на јавен увид за одржување на локалните избори на 15 октомври, а ќе се разгледуваат и Предлог јавен повик за сите граѓани за вршење на јавен увид во избирачкиот список и Предлог заклучок за важење и применување на обрасците за спроведување на локалните избори.
На дневен ред беше и одлуката за отворање канцеларии на Државната изборна комисија во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде што ќе се спроведува јавниот увид и собирањето на потписи за поддршка на листи на кандидати, како и Решение за исплата на трошоци на вработените кои се упатуваат да вршат јавен увид и собирање потписи за листи на кандидати предложени од група избирачи за Локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври.