24 Април, 2024
0.0285

БЕЧЕВ ЗА ФАКТОР: Ниту во Софија , ниту во Скопје бугарско -македонските односи не се приоритет

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Димитар Бечев,  директор на Институтот за европски политики и  доктор на науки по меѓународни односи,  за  Фактор  го анализира првиот круг од претседателските избори во Бугарија.  Бечев кој во моментов е во САД  за нашиот портал се осврнува  и  исходот од  изборната битка меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп.   

Разговараше Горазд ЧОМОВСКИ

По победата на кандидатот на Социјалистичката партија генаралот Румен Радев  е многу веројатно дека премиерот Бојко Борисов ќе поднесе оставка и со тоа ќе предизвика предвремени парламентарни избори за да го зголеми присуството  на неговата партија ГЕРБ во Парламентот.  Генаралот Румен Радев ужива  поголема поддршка од Социјалистичката партија, објаснува Бечев.  Бугарскиот аналитичар не очекува промена на политиката на официјалната Софија  без разлика кој ќе биде  избран  за шеф на бугарската државата . 

„Бугарија единствено можеби ќе го промени тонот во однос на Русија, но кон балканските соседи се ќе биде по старо“, проценува  експертот по меѓународни односи .  

На прашањето  дали по завршувањеето на изброните циклуси во Бугарија и Македонија може да се очекува  финализирање на Договорот за добрососедската соработка,  Бечев со став:

„Ниту во Софија , ниту во Скопје  бугарско -македонските односи не се приоритет“. 

Без разлика на јавно изнесениот став на премиерот на Бугарија дека не сака ниту добар ден да му каже на поранешниот македонски премиер, нашиот соговорник  вели :

 „Борисов нема да има ништо против,  еден ден повторно да седне на преговарачка маса со Никола Груевски“.

За докторот по меѓународни односи на Харвард универзитетот кандидатот за претседател на САД, Хилари Клинтон е подобра опција за разлика од нејзниот ривал Доналд Трамп,  бидејќи  таа има тесна соработка со Европа и земјите од регионот.  Но, Димитар Бечев проценува дека Балканот нема да биде меѓу  приоритетите на новата американска администрација,  туку односите со Русија и војната во Сирија. 


Можеби ќе ве интересира

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица