28 Март, 2024
0.0276

Димитриев на средба со Жбогар ги прифати забелешките на Европската комисија

Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонскиот премиер Емил Димитриев на средбата со евроамбасадарот на ЕУ Самуел Жбогар посочи дека земјата мора да ги прифати забелешките од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во изминатата година и да ги искористи како насоки за развој во иднина.


- Европската агенда за Македонија останува врвен приоритет и на тоа силно ќе бидеме фокусирани во наредниот период. Укажувањата и забелешките кои се дел од Извештајот се нов патоказ за идните активности кои треба да ги направиме. Се надевам дека со одржувањето на изборите и формирањето на политичката влада ЕУ агендата повторно ќе дојде на дневен ред, како еден од највисоките приоритети, рече Димитриев по средбата со Жбогар, на која евроамбасадорот му го предаде Извештајот за напредокот на Република Македонија.

Додаде оти се надева дека новата влада ќе може со многу посилен фокус да се насочи на ЕУ агендата отколку што тоа било случај во изминатата година бидејќи, како што рече, таа беше година во која се соочувавме со исклучително големи политички предизвици, мигрантска криза, а Владата функционирала во облик на техничка за спроведување на изборите.

- Се надевам дека со реализација на последниот чекор од договорот меѓу политичките партии, а тоа е одржувањето на изборите ќе се создадат услови за поголемо внимание на итните реформски приоритети кои сметам дека Македонија прво ќе ја добилижат до ЕУ, а понатака и ќе ја внесат во Унијата, рече Димитриев.

И евроамбасадорот Жбогар го дели ставот дека Извештајот може да биде патоказ за институциите, за Парламентот и Владата по изборите и нејзините активности на европска агенда. 

- Овде сум повеќе од два, два и пол месеци и со кого и да зборувам во земјата со сите политичари, но и неполитички личности, мислам дека европската агенда е приоритет на сите. Затоа мислам дека таа е нешто што ги обединува сите политички лидери, политички сили, сите луѓе во земјата, истакна евроамбасадорот.

Токму затоа се надева дека изборите ќе се спроведат во најдобар ред и ќе продолжи процесот на реформи што ќе и го олесни патот на земјата кон Европската унија.



Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?