19 Април, 2024
0.0280

Димитриев: Не сме во можност да имаме контрола на тоа кој уплаќа

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Не сме во можност да имаме контрола на тоа кој уплаќа, но сме благодарни на секоја уплата, вели техничкиот премиер и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев. 

Тој  тврди дека СДСМ преку СЈО сака да ја урне партијата ВМРО-ДПМНЕ и додава дека тие ќе се спротивстават на неправдата.

„Централниот штаб е изграден по постапка, секој можел да се јави за изградба на објект кој е дозволен согласно ДУП. ВМРО-ДПМНЕ нема добиено донација како што објави СЈО. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат јасно законско право за уплата на сметка на партијата. Не сме во можност да имаме контрола на тоа кој уплаќа, но сме благодарни на секоја уплата. Тие уплати сме ги користеле за партиски потреби. Уплатите на партиската сметка во 2014 година биле реализирани во период од 202 дена, односно во текот на цела година, на име чланарини и донации. Членовите не смеат да се чувствуваат навредени, ова е обид да наметнат чувство на вина. Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вие сте луѓе домаќини. Ова е безобразен обид да биде скршена Македонија, правдата ќе победи“ - изјави Димитриев.

ВМРО-ДПМНЕ нема купувано ниви и ливади како што наведува СЈО, додава тој. 

Вели не е фер СДСМ да има свои простории наследени од поранешната комунистичка партија, а ВМРО-ДПМНЕ да нема простори за функционирање.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа СЈО да отвори постапка за финансирањето на СДСМ. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?