20 Април, 2024
0.0274

Димитриев смета дека Рама подгрева национализам

Објавено во: Македонија 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Емил Димитриев на својот Фејсбук профил напиша дека албанскиот премиер, Еди Рама подгрева национализам. 

Вели дека Рама  „од ракав“ вади сценарија за спојувања на Албанија и Косово, доколку пропадне европската интеграција на државите од регионот, а негови дежурни адвокати се трудат да го правдаат со теза дека тоа што Рама бара домашни предизборни поени преку брутално мешање во македонските процеси биле од ”пријателска природа”. 

„Додека владее конфузност кај политичари во соседството дали сакаат да поддржат навистина пријателски дух во регионот или не, сакам да им порачам дека ние, иднината на Македонија ја гледаме во Европската унија и немаме дилема во однос на овој стратешки приоритет“ - пишува Димитриев.

Ваквите изјави, додава македонскиот премиер, не се во прилог на добрососедството и градењето пријателски односи. Напротив, додаваат масло на огнот кој тлее и ги разгоруваат националистичките чувства кај сите поединечно.

„Дури и Европската унија нема дилема дека иднината на државите од регионот е во ЕУ. Само Рама со неговиот тим ги има и очигледно мисли дека со неговите алтернативи добива предизборно и ги покрива домашните слабости. Никакво територијално прекројување, обединување или разединување не е во насока на поголема стабилност и мир, ниту на просперитет. Секоја држава од регионот е суверена држава, a главна цел треба да и биде зголемување на стандардот на граѓаните, во сопствените граници“ - пишува Димитриев. 

Доколку сите работиме посветено на решавање на проблемите дома, полесно ќе можеме да се приближиме кон европското семејство, смета тој. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите